Кралицата се врати! По четиригодишно отсуство од нејзиниот последен концерт, Бијонсе се врати на сцената во саботата вечерта, кога изведе едночасовен сет на отварањето на новиот хотел  Atlantis The Royal Resort во Дубаи. Концертот беше проследен со огномет и диџеј сет на Swedish House Mafia.

Поминувајќи низ една деценија со легендарните  хитови, Бијонсе (41) ги отпеа песните како „Crazy in Love“, „Beautiful Liar“ и „Naughty Girl“, како и понови мелодии, вклучувајќи ги „Freedom“, „Spirit“ и „Be Alive“.

Во еден момент за време на шоуто, на кралицата Би и се придружи на сцената ќерката Блу Ајви Картер (11), која ја дели со сопругот Џеј Зи, за да го изведат нивниот дует „Brown Skin Girl“.

За едночасовниот концерт Бијонсе, наводно добила хонорар од 24 милиони долари.

Поп-ѕвездата на сцената освен со музиката, импонираше и со стилот – носеше сет на блескави изгледи за време на настапот, вклучително и жолт фустан со корсет на Atelier Zuhra по нарачка, кој беше обложен со здолниште со пердуви .

Во текот на Концертот, Бијонсе се пресоблече во друга тоалета, целосно црвен ансамбл на Николас Џебран составен од тесно боди , украсено со златен накит преку торзото и градите, како и во розев ансабл. На црвениот килим позираше во златна тоалета со потпис на „Долче и Габана“.

Целото цемејство беше присутно на концертот во Дубаи- сопругот Џеј Зи, нејзините деца Блу Ајви, Руми и Сер , како и мајка ѝТина Ноулс, нејзиниот татко Метју Ноулс и маќеата Џена Ејвери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.