Повеќе од 1,5 милиони гласови од целиот свет пристигнаа преку официјалната веб-страница на манифестацијата и преку официјалниот Јутјуб-канал на MAC, а веќе почна и вториот, финален круг од гласањето за овогодинешните победници! Право на учество имаат сите гласачи, без разлика дали веќе ги поддржале своите фаворити

Десетте првопласирани номинации во секоја категорија влегоа во втората, финална фаза од гласањето, а секој што сака, без разлика дали досега поддржувал некој од номинираните изведувачи, може да учествува со својот глас и со тоа да ја зголеми шансата за победа на своите фаворити и за освојување на најпрестижните регионални музички награди!

Гласањето се одвива онлајн, преку официјалната веб-страница MAC – Music Awards Ceremony на церемонијата, каде што секој што ќе се пријави има право на 20 гласа во секоја категорија, односно по 10 гласа по категорија доколку се регистрира на бесплатната апликација eFinity, а сите гласачи добиваат дополнителни 10 гласа во секоја категорија од MaxBet.

Гласањето за категориите за кои наградите се доделуваат на првиот ден ќе биде отворено до 24 јануари на полноќ, додека гласањето за категориите за награди од вториот ден ќе биде достапно до 25 јануари на полноќ.

Единствената категорија во која се гласа преку СМС е категоријата АЛБУМ НА ГОДИНАТА, со испраќање порака на 141991, а сите собрани средства ќе бидат донирани на УНИЦЕФ за програмата Подобрување на менталното здравје на младите. Гласањето се врши со внесување на зборот „УНИЦЕФ“ во текстот на пораката, како и бројот на номинацијата за која гласачот сака да гласа, без празни места (на пр. УНИЦЕФ2 за номинација под реден број 2 во категоријата АЛБУМ НА ГОДИНАТА).

Music Awards Ceremony (MAC) powered by MaxBet ќе се одржи на 25 и 26 јануари во организација на Скајмјузик, а во Штарк арената нѐ очекуваат најголемите музички ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Словенија. За незаборавното шоу, покрај спектакуларните настапи и најсовремената аудио-визуелна продукција, ќе се погрижат и шармантните водителски парови – Јелена Гавриловиќ и Тончи Хуљиќ ќе бидат домаќини на првата вечер од церемонијата, додека веќе следниот ден таа улога ќе ја преземат иконите на новиот музички бран – Мими Мерцедез и Воајаж!

Учеството го потврдија Констракта и Земља грува, Рибља Чорба, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Халид Бешлиќ, Лексингтон бенд, Петар Грашо, Сара Јо, Тончи Хуљиќ, Каролина Гочева, Џокераут бендВоајажНучи, Теодора, Црни Церак, Лацку, Николија, Девито, Цоби, Милица Павловиќ, Зера, Сергеј Пајиќ, Сајфер, Махрина, Амна, Мими Мерцедез, Албино, Вераја и 2Бона.

Билетите за најгламурозниот настан на годината се достапни преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата eFinity, на продажното место на ТЦ Рајиќева и на билетарницата на Штарк арена. Сите љубители на музиката кои сакаат да бидат дел од овогодинешното доделување на музичките награди, истите можат да ги купат по промо цени до вторник, 24 јануари на полноќ, до кога и важи акцијата 3+1 ГРАТИС, по што ќе важи целосната цена. Билетите за секторот 200 се распродадени, а достапни се билети за секторот 400, како и многу ограничена количина на ВИП влезници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.