На јубилејните концерти за 35 години богата кариера на Наум Петрески во Битола и во Охрид ќе настапат и специјални гости.

На концертот во Битола на сцената на античкиот театар во Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата „Боеми“, Зуица Лазова, Владимир  Поповски и Татијана Стефановска. Додека на концертот во Охрид на сцената во Долни Сарај, специјални гости ќе бидат Милован Секуловски, Ѓоко Таневски, Зуица Лазова и Владимир Поповски, информираат организаторите.

Влезниците за двата концерти веќе се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.