Бритни Спирс и Елтон Џон снимија преработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

Како што пишува „Пејџ сикс“ тие ја снимиле траката минатата недела во студио во Беверли Хилс.

Ова беше негова идеја и Бритни се сложи. Тие ја снимија обработката на легендарниот сингл „Tiny Dancer“ и тоа навистина звучи неверојатно. Работеа со продуцентот Ендру Ват – вели извор близок до музичарите.

Тој додаде дека Бритни се радува на големото враќање на сцената. Последниот сингл наречен „Slumber Party“ таа го објави 2016 година.

„Јуниверзал мјузик“ ќе ја објави песната следниот месец.

Инаку, списанието „Ролинг стон“ ја вклучи песната на Елтон меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња на 47. место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.