Иван Кукиќ, кантавтор, мултиинструменталист и постојан член на „Влатко Стефановски трио“, на 29 ноември во родната Струмица, приредува голем солистички концерт. Поради тоа, особено се горди неговите родители, познатите фолк-пејачи Горан и Ленче Кукиќ.

Заедно со Иван и неговиот бенд „YU for You“, ќе настапи и гудачкиот квартет „Стефан Илиќ“, а по повод 50-годишнината од објавувањето на големиот ексјугословенски хит „Македонија… тамо гдје вјечно сунце сја“. На гламурозната сцената, на Иван ќе му се придружи неговиот специјален гостин, легендарниот рок-музичар Дадо Топиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.