Младата македонска пејачка Марија Спасовска вчера ја прослави својата матура, а на задоволство на генерацијата запеа на колективната прослава.
Марија заврши како одлична ученичка во скопската гиманзија „Раде Јовчески Корчагин“, која важи за едно од најстрогите средни училишта во Македонија. Но, тоа не ја попречуваше пејачката да биде подеднакво успешна на два фронта: училиштето и естрадата.
Инаку, „Корчагинци“ вчера ја славеа својата матура во еден скопски ресторан, а задолжени за забавата беа „Либеро бенд“.
На една од македонските химни во моментот, песната „Налеј, налеј“ на сцената се качи и Марија, која заедно со пејачот Иван Јованов, наметнати со македонското знаме во еден глас со матурантите пееја „И ние сме деца на нашата земја, на Македонија…“!
Матурската фешта да продолжи долго во ноќта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.