Снимањето на биографскиот филм за пејачот Мајкл Џексон ќе почне овој месец, соопштија филмските студија „Лајонсгејт“ и „Јуниверзал“. Улогата на кралот на попот ќе ја има неговиот 27-годишен внук, Џафар Џексон. Филмот насловен Мајкл, кој беше најавен минатата година, ќе пристигне во кината ширум светот во 2025 година.

Режисерот Антоан Фуква (58), познат по филмовите „Training Day“ и „The Righteous“, ги откри плановите за биографски филм за кралот на попот.

Мислам дека не постои уметник кој бил толку силен, харизматичен и брилијантен на полето на музиката како Мајкл Џексон. Моето правење музички спотови беше под големо влијание од неговите видеа. Неговата музика и слики се дел од мојот светоглед. Не можев да одолеам на можноста да ги пренесам неговата приказна и музика на големото платно“, изјави Фуква на најавата за филмот.

Сценариото го напиша Џон Логан, кој меѓу другите ги напиша „Gladiator“ и „Spectre“ од серијата за Џејмс Бонд. Во филмот се вклучени и ѕвездата британскиот продуцент Греам Кинг, кој беше продуцент на биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“ на фронтменот на Квин, Фреди Меркјури, како и администраторите на имотот на Џексон.

Според „Лајонсгејт“, филмот ќе фрли светлина врз целиот живот на Џексон. Со хитовите како „Били Џин“, „Бит ит“ и „Трилер“, тој беше еден од најпознатите пејачи во светот. Неговиот јавен имиџ е нарушен поради ексцентричниот начин на живот и обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца, кои не беа потврдени на суд. Поп-ѕвездата, кој настапуваше на сцената со своите браќа и сестри како дете, почина во 2009 година, само неколку месеци пред планираните проштални концерти „This Is It“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.