Победникот на музичкото шоу „Никад није касно“, Бобан Цаневски пред неколку дена ја промовираше својата најнова песна и тоа на српски јазик. Песната носи наслов „Удри бригу на весеље“, а неа како автори се потпишуваат веќе докажани музички работници. Музиката е дело на Блаже Темелков, текстот го направија Татјана Петровска и Сашо Младеновски, додека аранжманот е исто на Сашо.

Песната е објавена на јутјуб-каналот на „Гранд“ и за само неколку дена таа има преку 30.000 прегледи.

Инаку јавноста за Боби многу дозна откако тој учествуваше во „Никад није касно“, каде успеваше со секоја негова интерпретација да ги остави жирито и публиката со подотворени усти. Токму поради тоа, нашиот Боби заслужено беше и победникот во минатогодишната сезона.

Да бидам искрен, многу работи се променија после „Никад није касно“. Ме дознаа многу луѓе, постојано ме бараат за настапи, приватни прослави и да бидам ме радува тоа. Кога сме кај песната, можеби многумина ќе кажат дека требаше веднаш да извадам песна после финалето, но верувајте дека денеска не е лесно да дојдете до добра песна. Морав да слушнам преку 10 демо-верзии на песни, за на крајот да ја изберам оваа. Се надевам на публиката ќе и се допадне, јас секојдневно добивам само позитивни критки, изјави Цаневски.

Цаневски може да го видите и слушнете во повеќе локали и кафулиња ширум земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.