Песната со која Македонија ќе се претстави на овогодинешната Јуниорска Евровизија, вчера беше промовирана на „Јутјуб“. Воедно, објавен е и видеоспотот за „Животот е пред мене“, која ќе ја изведува ќерката на македонскиот вирутоз Симон Трпчески, Лара, заедно со Ирина и Јован.

Музичкото трио ќе настапи на големата сцена во главниот град на Ерменија, Ереван на 11 декември.

Горд сум што сум дел од македонскиот тим – Лара (мојата ќерка), Јован и Ирина, кои ќе ја претставуваат Македонија на годинашниот детски Евросонг во Ерменија! Одлична инспирација за моите претстојни концерти со прекрасниот оркестар на Минесота! Децата се иднината! Животот е пред нас, тоа е вистинскиот дух! Напред Лара, Јован и Ирина!, порача Симон Трпчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.