Учесничка oд Македонија во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е дисквалификувана од натпреварувањето, бидејќи не се појавила на последното снимање. Станува збор за Валери Димовска, 24-годишна натпреварувачка од Скопје, која вели дека натпреварувањето за неа заврши по вториот круг, но дефинитивно ќе ја гледаме и следната сезона.
Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа бев дисквалификувана, бидејќи не можев да се појавам на снимањето. Ќе се пријавам повторно следната година, вели Валери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.