Независниот музички издавач Шарла Рекордс го издаде своето 73-то издание Circus Never Ends (Sharla Records Label Sampler 21/22).

Се работи за веќе традиционална, годишна компилација составена од музика на бендови и артисти кои издаваат за Шарла.

Осум од нив влегоа во овогодишниот избор, меѓу кои и четири нови и досега необјавени нумери кои треба да се најдат на следни изданија. Жанровската и стилска шареноликост која е каракатеристична за овој издавач пресликана е и во ова издание, особено наменето за слушатели со широк музички интерес и потреби. Компилацијата ја состави Давид Ангелевски, кој го потпиша и омотот, направен врз фотографии на Ивица Јанкуловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.