Камерите го снимија спорниот настан и сега е јасно чија верзија е вистинита.

Откако јавноста беше шокирана од веста дека обезбедувањето на НБА ѕвездата Виктор Вембењама наводно физички ја нападнал пејачката Бритни Спирс, затоа што „му го фатила за грб на кошаркарот“, денеска веќе се појавија докази кои фрлаат ново светло на инцидентот.

Бритни на социјалните мрежи напиша дека „го препознала славниот спортист и дека само сакала да се слика со него и дека само го допирала по рамото кога обезбедувањето реагирало и ја удрило во лицето“.

Виктор има сосема поинаква верзија за настаните: „Ја видов веста за тоа што се случи, се разбудив, имав неколку повици. Нешто се случи. Се шетав со обезбедувањето што го штитеше тимот, отидовме во ресторан“, рече НБА ѕвездата во подем и продолжи:

„Многу луѓе ме довуваа, едно лице ми викаше, но луѓето од обезбедувањето ми рекоа да не застанувам за да не создавам гужва. Слушнав како една личност ме вика „Господине, господине“, а потоа ме зграпчи одзади. Не видов што се случи, продолжив да чекорам.Таа не ме допре само по рамо, знам дека реагираше обезбедувањето, не знам со колкава сила ја оттурнаа. Не застанав. Продолжив и уживав во вечерата“, изјави Вембањама за „BeIn sport“.

Сепак, снимката од инцидентот која се појави на социјалните мрежи покажува дека пејачката сепак не лажела. На видеото се гледа дека пејачката се обидела да го повика кошаркарот, трчала по него и само се обидувала да го допре. Во тој момент чуварот замавнал со раката и и удрил шлаканица на пејачката.

Пред да го објави видеото, пејачката на Инстаграм напиша дека е важно ѕвездите да ги почитуваат другите јавни личности и луѓе во јавноста и дека физичкото насилство не е решение, бидејќи во моментов има премногу.

На видеото се слуша како Бритни му приоѓа на Виктор одзади и му вели „господине, господине“, што ја потврдува нејзината приказна, а потоа се обидува да го допре по рамото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.