Ситно броиме до големото финале на музичкото талент шоу „Пат до Ѕвездите“. Уште само малку и ќе дознаеме која ќе биде новата музичка ѕвезда во нашата земја.

Низ „филтерот” поминаа многу кандидати, останаа само најталентираните и најсмелите.

Овој петок, а за првпат и недела ќе се емитуваат двете четвртфиналиња на истата фрекфенција и во истото време.

Жирикомисијата е навистина на тешки маки, веќе сите кандидати се одлични, сите пеат добро, само мали нијанси пресудуваат кој ќе оди понатаму, а кој ќе си оди дома…

Кои се новите полуфинслисти, кого ќе гледаме во големото финале на 21 јули, ќе дознаете овој петок и оваа недела на програмата на Тв „Алфа” и „Балкан Мјузик”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.