Пејачот Жељко Бебек (или како што му е вистинското име Желимир) ништо не изгуби од својот имиџ, уште од она време откако не е со Горан Бреговиќ и групата „Бијело дугме“. Добро е познато дека Горан и Жељко поодамна се скарани, но тоа не влијаеше на популарноста на Бебек. Тој и понатаму патува, пее и си прави успешни концерти. Па, така по подолга пауза ќе одржи концерт кај нас во  Македонска филхармонија, во Скопје на 18 април.

Планирано е концертот да трае два и пол часа, а се во зависност од расположението на публиката, во што не треба да се сомнева. Бебек ќе се потруди сите да ги погоди сред срце со оние, од постарите, „Битанга и принцеза“, „Така ти е малечка моја кога бакнува Босанец“, „Да сум пекар“… до една од поновите „Добра ноќ, свирачи“. Овој настан го најавува „Авалон продукција“, опишувајќи го Бебек како музичка легенда. Билетите се по цена од 1.200 и 1.500 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.