Познатиот латиноамерикански музичар Карлос Сантана се онесвестил за време на настап во Кларкстон, САД. На интернет се појавија и снимки каде што се гледа како медицинскиот персонал му помага на Сантана. Додека го одведуваа в болница, музичарот и мафна на публиката, што секако, предизвика надеж и олеснување.

Американските медиуми пренесуваат дека легендарниот 74-годишен гитарист заздравува.

Менаџерот на Сантана, Мајкл Врионис изјави за „Си-би-ес њуз“ дека на Сантана му се слошило поради „исцрпеност од горештините и дехидратација“. Тој е згрижен во блиската болница и се чувствува добро, додаде соработникот.

Неговиот настап вечерва во Пенсилванија е откажано. Инаку, Сантана деновиве ја одржува турнејата под наслов „Чудесно натприродно“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.