Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ по 14 години решија да стават точка на бракот. Парот во бракот има две ќерки.

Јелена на Инстаграм објави дека почнува да ја средува облеката во гардероберот во новата куќа во која ќе живее:

Како што забележавте, почнав да ги префрлам работите во мојот нов гардеробер, во новата куќа. Само што почнав, тука ќе се полни сигурно шест или седум дена. Гардероберот е голем, има одлични огледала, има одлично осветлување, има две бањи, излез во двор и што е најинтересно има и сауна. Го сакам тоа и тука ќе се детоксицирам. Ветувам дека ќе сликам како сè изгледа кога сè ќе се заврши, ќе биде навистина супер, сега сè е во овие вреќи и во хаос – напиша Јелена и ја покажа новата просторија за гардеробата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.