Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа во ноќниот клуб „Рекет Њујорк Сити“, каде што членовите на „Ролинг стоунс“ одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.
„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на Hackney Diamonds, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.
Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк.
Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага.
„Стоунс“ го заврши настапот со Sweet Sounds of Heaven на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, Moonlight Mile.
Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол Макартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната Live by the Sword.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.