Нашата интернационална музичка ѕвезда „Ris Flower“ со официјална согласност од членовите на легендарната англиска група „Duran Duran“, го објави својот кавер на еден од најголемите поп-рок хитови  на сите времиња – Come Undone.

Песната е снимена во студиото „ARI“ во Истанбул, а врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар.

Чест ми е што добив одобрение од продукциската куќа на “DURAN DURAN” да изработам официјален кавер на една од моите омилени песни. Во оваа преработка целта ми беше да ја задржам уникатноста на мелодиите на ова ремек-дело, а воедно да оставам и свој специфичен препознатлив печат преку вокалната изведба и современата продукција. Презадоволен сум од постигнатиот резултат, размислувам да снимам и акустична верзија на песната.

Имено, „Ris Flower“ го издава овој сингл непосредно пред својот концерт кој ќе се одржи на 18 мај во клубот СТАНИЦА 26 во Скопје, на кој ќе го промовира својот прв албум „Flow“.

 Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk

https://mktickets.mk/event/ris-flower/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.