Понекогаш соништата се остваруваат. Се вика Return of the Dream Canteen – новиот двоен албум на Red Hot Chili Peppers, вест која се појави како гром за да го запали небото во Денвер, првата станица на турнејата на калифорнискиот бенд.
Изненадување е најавата на Ентони Кидис и Флеа, пред илјадниците фанови во делириум на Empower Field, со оглед на тоа што во април беше објавен Unlimited Love, дванаесеттиот студиски албум, исто така двоени, кој бргу стаса на врвот на светските топ листи, стана платински диск во САД.
„Return of the Dream Canteen“ ќе биде објавен на 14 октомври под етикетата на издавачката куќа Warner Records и воедно ќе биде втор албум продуциран од Рик Рубин во 2022 година. Којзнае дали ќе означи враќање во минатото, како што е евоцирано во насловот, но секако ќе биде привлечен нов плод на неверојатно креативниот бенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.