Седмата албумска објава на Крсте Роџевски, „Крстена вода“ ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Дванаесет нови песни во отскриена, сува, наивна форма, нимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.
„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.
Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.