Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој денеска е премиерно пуштен пред јавноста, е снимен на вистинска локација, во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режираше Димитар Маневски.

Инаку, „Починка“ е првпат изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката е на Љупчо Константинов, а песната е дело на Блаже Конески.

По 30 години Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.