Ако мјузиклите за џубокс доаѓаат во бранови, вчера Скопје доживеа значителен наплив. На уникатен пристап, истовремено забавен и задоволувачки, во Ист гејт мол, хип хоп танчери ја покануваа публиката да креира сет-листа, по желба на секој гостин, а за тоа време тие играа. Несомнено е дека уживаа и едните и другите.
Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе се оддржи од 2 до 5 јули во Ист гејт мол и СЦ Јане Сандански.
Почетокот на месец јули, Скопје ќе биде центарот на Европа и место за собирање, поврзување и размена на голем број македонски и странски хип-хоп артисти од светот на танцот, графитите и многу други улични уметности.
Во четиридневната богата агенда на Европското првенство во танци 2022, љубителите на уличната култура ќе уживаат во бројни креативни и интерактивни настани и работилници, а се очекуваат и многу изненадувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.