Македонска поп-пејачка и кантавторка, Mијата, го објави спотот за својата најнова песна „Враќање дома“. Музиката е на Александар Пешевски, а текстот на Весна Малинова. Аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата, која е и режисер на спотот.

Во него Мијата и Теда се возат на камион од Ѓорче Петров до Железара и заедно пејат.

Снимањето на спотот беше прекрасно искуство каде скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет кој возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Благодарност и до авторскиот тим кои направија парче музика кое толку автентично мене ме отсликува и секако да видео продукцијата кои ја поддржаа мојата идеја, рече Мијата.

фото: Фросе Левковска

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.