Претставничката на Србија на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта се најде на мета на критики од корисниците на социјалните мрежи поради масата во форма на буквата „Z“, која се поврзува со руската агресија врз Украина.
РТС објави фотографии од Констракта на кои таа седи и ги мие рацете. Пред него има две маси во форма на буквата „Z“.
Брзо се појавија коментари и прашања за тоа кој ги избра масите во форма на „Z“ среде руската агресија.
Morate da se lečite. Makar i na silu. https://t.co/zwCHd9nTD9
— Boyan the dog 🦁 (@boyandthedog) April 25, 2022
Српската радио-телевизија ги осуди „непримерните инсинуации на некои поединци на социјалните мрежи дека масата на фотографијата на српската претставничка на Евровизија, поради тоа што наликува на буквата „Z“, воедно „претставува поддршка за руската армија во војната во Украина“.
„Одлучно негираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерно поврзувањето на нашиот претставник со актуелната политичка ситуација во светот. Масите на фотографијата се користат повеќе од три години за потребите на нашите емисии, а во овој случај се користени само за една фотосесија. Давање на некое ново значење во тој сценографски елемент е апсолутно бесмислено, а во некои случаи и злонамерно“, се вели во соопштението на РТС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.