Една од најпопуларните пејачки во деведесетите, покојната Ксенија Пајчин, кариерата ја започна со Драгана Мирковиќ во спотот „Опојни су зумбули“.

Ксенија секогаш ѝ била благодарна на Драгана за можноста што и ја дала на едно „дете“.

Многу ја сакав Драгана Мирковиќ, не е тоа што седиме сега овде. Сите знаат дека на некој начин сум јазичарка, но навистина, не ме допирај, не те допирам. Тоа е едно правило кое го научив од неа, таа ми даде многу совети во врска со естрадата

Колку ја сакала и ѝ верувала на Драгана говори и податокот дека пред трагичната смрт сакала да разговара со постарата колешка. Имено, Мирковиќ во една прилика откри дека Ксенија, која трагично загина во 2010 година, пред смртта и кажала дека има нешто важно да и каже, но поради обврските пејачката не стигнала да се види со неа и поради тоа страда и денес.

Ксенија беше неверојатно убава, енергична и секогаш сама, малку немирна. Каде и да се појави, беше невозможно да остане незабележана и понекогаш имав чувство дека тоа многу и пречи. Последен пат кога разговаравме, ми рече дека е среќна затоа што најде мир во себе – рече Драгана.

Ксенија сакала нешто да и каже на Драгана, но, за жал, трагичниот настан што следеше ја спречи во тоа.

Таа беше кај мене на телевизија и му кажала на водителот Стевица да ми пренесе дека има нешто многу важно да ми каже. Никогаш не дознав што е толку важно што таа мораше да ми каже, изјави во една прилика Мирковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.