Познатиот и повеќекратно наградуван хрватски музичар Масимо Савиќ ненадејно почина во петокот. Имаше 60 години.

Музичарот на 19 декември на својот официјален профил на „Инстаграм“ објави фотографија од себе и од Арсен Дедиќ, неговиот колега кој почина во 2015 година.

Често, но особено кога се ближи Божик, мислам на Арсен. Ќе се јавеше не на мобилен, туку на фиксен. Не се сомневате веројатно дека Маестро би испратил само некоја лежерна порака, нели? И тогаш разговорот би продолжил. И би траел… Ништо со Арсен не беше случајно. Ниту површно. Сè имаше длабочина. Тежина. И смисла. Тој повик недостасува. Но, секој разговор го чувам во меморијата со најубавите спомени, напиша Масимо со фотографијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.