Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на DEEP PURPLE, се одлучивме за сигурна варијанта- префрлување на концертот во арена “Борис Трајковски”, истиот ден, во сабота на 28-ми мај.
Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење, и тоа по овој распоред:
ФАН ПИТ:
Сите што имаат купено фан пит влезници може да стојат во својата омилена зона- пред бината или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ПАРТЕР:
Сите оние што имаат купено партер влезници може да стојат во партер зоната или да седат на останатите ненумерирани трибини- по свој избор.
ВИП:
Сите оние што имаат купено Вип влезници ќе може да седат во ВИП трибината (блок 13)
Со ова се исполнува желбата на голем број и на сите оние што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што се разбира дека е невозможно.
Сега на новата локација, и тоа е возможно.
Имено, во продажба според капацитетот на арената “Борис Трајковски” има уште 1.500 влезници кои ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи, секако по желба на купувачот.
Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk.
Се гледаме за четири дена со уште поголема енергија, но на нова локација!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.