Во преполната сала на Центарот за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар,  го одржа концерт насловен „FUNK & SOUL”.

Публиката имаше можност да ужива во Funk & Soul звуците на оркестарот и во прекрасниот вокал на гостинката Ана Петановска, кои изведоа голем број на популарни светски хитови од Ејми Вајнхаус, Арета Френклин, Ренди Крафорд, Херби Ханкок и многу други.

Возобновен во 2015 год, оркестарот веќе девет години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски .

Оркестарот кој некогаш постоел, денес е во ново светло, со нови музички лица од кои зрачи љубов и емоција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.