Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата на богаташи на The Sunday Times објавена во петокот.
Богатството на 81-годишниот соосновач на легенарните The Beatles се зголеми со „многу турнеи, вреден каталог и мала помош од Бијонсе“, која ја обработи песната „Blackbird“. Богатството на Макартни се проценува на милијарда фунти.
Списокот на The Sunday Times покажа дека бројот милијардери во Велика Британија паднал на 165, од рекордно високо ниво од 177 во 2022 година. Дел од причината за тоа лежи во планот на владата да стави крај на мерката жителите на Обедитентото Кралство следната година да не плаќаат данок на приходи во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.