Во организација на Здружението „Арт генератор“, во Велес почнува третото издание на фестивалот на „Џез, ворлд и современа музика“.

Како што информираат од Здружението, програмата е распоредена во седум фестивалски денови од 29 септември до 27 октомври, каде ќе настапат артисти од Франција, Германија, Финска, Грција, Австралија и Македонија.

Отворањето на Фестивалот беше во Спомен костурницата во Велес, каде што настапија „James Wylie“ и „Egli Katsiki“, а по завршување на перфорамсот во „Europe House“ Велес, следеа Влатко и Лемпи.

Втората фестивалска вечер ќе биде на 9 октомври со промоција на книга на Александра Спасеска, додека на 18 октомври публиката ќе има можност да го проследи перформансот на „Antez“, со кој следниот ден на малата сцена во Театарот Ј.Х.К Џинот – Велес ќе има работилница.

На 25 октомври на големата сцена во Театар Ј.Х.К Џинот – Велес концерт ќе одржат „Third World Quartet“, „Zoe’s Shanghai“, „The Hatchetations“, додека следниот ден, исто така на големата сцена во Театарот, публиката ќе има можност да ги проследи Филип Динев/Мартин Ѓаконовски дуо и Калата. Затворањето на Фестивалот ќе биде на 27 октомври со концерти на „Lufthansa“ и Данчо Саздов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.