Легендарниот музичар од Детроит, Сиксто Родригез, почина на 81-годишна возраст, објавија светските медиуми.
Родригез беше инспирација за документарниот филм на Малик Бенџелоу, награден со наградата Оскар во 2012 година, со наслов „Searching for Sugar Мan“ (Барајќи го Шугармен). Фулмот ја следи авантурата на двајца Јужноафриканци во нивниот обид да го пронајдат познатиот музичар кој никогаш не го виделе.
Во раните 70-ти години, Сиксто Родригез имал обид за музичка кариера во Детроит, при што објавува два добро прифатени, но слабо продадени албуми. Неговите напори згаснуваат многу брзо, не успева да стекне популарност и продолжува да работи тешка физичка работа во САД.
Сепак, во истиот период, музиката на скромниот и талентиран пејач е одлично прифатена во Јужна Африка, каде што Родригез станува музичка икона, ѕвезда во подем и инспирација за новите генерации кои дополнително поттикнати од неговите ноти го предводат бунтот против власта.
Родригез речиси три децении не бил свесен за неговата популарност на другиот континент. Кога дознава и заминува во посета на Јужна Африка е дочекан како рок ѕвезда, а сите негови концерти се распродадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.