Српската актерка Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, потврдија во Народниот театар во Белград.

Живковиќ е родена во Крушевац на 14 јануари 1953 година. Била филмска, театарска и телевизиска актерка.

Кариерата ја започна кон крајот на шеесетите, а оттогаш играше во десетици филмови. Меѓу нив најпознати се „Сабирни центар“, „Мртав ’ладан“, „Уште еднаш“…

Позната е и по улогите на Џилда во ТВ серијата „Среќни луѓе“, Јованка Љутиќ во „Доларите доаѓаат“, но и по „Улицата Линден“ каде што ја играше главната улога.

Живковиќ секако беше најпозната како тетка Дока во големиот кино хит Зона Замфирова. Ги добила наградите „Миливое Живановиќ“ и „Жанка Стокиќ“.

Како театарска актерка играла улоги на сцените на Ателје 212, Театарот на Теразие, во театарот Звездара, а 20 години е член на Народниот театар во Белград. Таа е сопственичка на наградата „Миливое Живановиќ“, а најголемиот успех во кариерата го забележа во 2005 година, кога и беше врачена наградата „Жанка Стокиќ“. Оваа престижна награда ја доби за улогата на Живка Поповиќ во претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Јагош Марковиќ, која со успех ја одигра на сцената на Народниот театар во Белград.

Во февруари 2023 година, таа беше наградена со Сретењски орден , втор степен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.