Легендарниот рок пејач, гитарист, текстописец и член на групите „Byrds“ и „Crosby, Stills & Nash“, Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Дејвид Крозби почина по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и добра душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига, изјавила неговата сопруга која побарала да се почитува приватноста на нивното семејство во овие тешки моменти.

Крозби во интервју пред две години изјави дека планира да се занимава со музика колку што може.

Американскиот музичар е еден од ретките кој двапати е примен во Куќата на славните на Рокенролот и чии албуми се вклучени во легендарната листа на „500 најдобри албуми на сите времиња“ на реномираниот музички магазин „Ролинг Стоунс“.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.