Денеска на 81-годишна возраст почина Невена Кочовска, легендарната вокалистка на групата „Мањифико”, еден од најпопуларните ансамбли кај нас.
„Мањифико” беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни. Тие постоеја 30 години, гостуваа во многу земји, снимија голем број албуми, а нивните изданија се продаваа во златни тиражи. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи.
Невена во последните години боледуваше од Алцхајмерова болест. Во 2017 година последен пат настапија заедно со своите ќерки Тања и Лидија Кочовски, кога добија награда за животно дело на манифестацијата „Златна бубамара”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.