Легендарниот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст, потврди неговото семејство.

Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се обединиме. Со почит, твоето семејство“, се наведува во објавата.

Причината за неговата смрт не е потврдена. Во проштална порака на Фејсбук, германскиот продуцент Вестбам напиша дека пред само две недели пуштал музика заедно со Брукнер.

Во текот на својата 20-годишна кариера, Томкрафт помина низ различни музички правци, од транс и електро хаус до прогресив хаус и техно. На пошироката јавност ѝ е познат по хитот „Loneliness“ со кој во 2002 година за само една недела доспеа на многу светски топ листи.

Следеа хитовите „Prosac“, „Overdose“, „Tell Mummy“ и бројни настапи пред рекорден број посетители, што беше случај на „Love Parade“ во Берлин кога забавуваше 1,3 милиони луѓе. Настапуваше и на престижни фестивали како што се „MAYDAY“, „Energy“, „Nature One“, „Reincarnatoion“…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.