Денеска почина Милорад Џери Џмерковиќ, познат клавијатурист кој беше член на познатата група Кербер.

На јавноста и е познато дека славниот Џери долго време бил болен, но никој не очекувал ваков исход.

Фронтменот на Кербер, Горан Шепа, се прости од својот колега на својот Инстаграм профил.

Страшна вест за сите нас кои те познававме. Се надевав на некоја заедничка свирка. Прерано си замина. Почивај во мир брат наш, напиша тој на својот Инстаграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.