Ден по инцидентот на Јелена Карлеуша со Душко Тошиќ, се е мирно на имотот на овој пар. И додека од Јелена во текот на вчерашниот ден немало ни трага ни глас, од сосетката која живее во зградата покрај куќата на Тошиќ, новинарите на српски Курир, дознале нови детали од драмата која го потресе овој елитен дел на Белград, во текот на вчерашното утро.

Мене ме разбуди викањето и вриштењето и плачењето на Јелена. Овде е отворен простор, се се слуша, Викањето се слушаше во целата улица, беше страшно. Јелена викаше, пушти го пијан си, ќе го убиеш. Бараше помош. Кучињата вознемирено лаеја. Морничаво. Душко пцуеше, Јелена уплакана викаше да ги пушти на мир и да оди надвор. После некое време дојде и полициска патрола, релативно брзо дојдоа. Се задржаа во куќата некое време. Јелена уплакана се тресеше. Се гледаше дека доживеала голем шок. Тука беше и некое високо младо момче. И тој беше збунет, после и тој си замина, а Јелена се врати во куќата. Се беше многу повеќе од семејно насилство. Страшно – порачала сосетката која сакала да остане анонимна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.