Од 2ри до 4ти август, Маврово ќе биде домаќин на најновиот и највозбудлив фестивал во регионот – Пик Фест! Овој уникатен настан ќе ги обедини љубителите на музиката, уметноста, вкусната храна и спортот, сите на едно магично место, далеку од градскиот метеж.
Како главен компонент и фокус на фестивалот е секако – музиката, па така разновидниот лајн-ап од 4 талентирани диџеи што се содржи од електронска, хип хоп и македонска музика ќе биде задолжен за атмосферата и вашето расположение.
Забавата на Пик Фест не завршува само со музика – нудиме и вкусна храна и освежувачки коктели, кои ќе може да ги уживате во прекрасна атмосфера на отворено, со поглед на прекрасната македонска природа.
Освен музиката и храната, Пик Фест ќе биде и простор за кино проекции и разни културни настани што ќе ги обогатат вашите искуства на фестивалот.
За љубителите на активниот одмор, фестивалот нуди многу различни спортски активности, независно дали сте за добар фитнес тренинг на отворено или сте фан СУП даски и веслање, има нешто за секого да ужива и да остане активен во природата на Маврово.
Оваа година, нашето место за забава е Summer Bar Ratrak, каде што ќе можете да уживате во сите овие активности под отворено небо.
Не пропуштајте шансата да го искусите Пик Фест – фестивалот што ќе ви остави незаборавни спомени и ќе ви донесе уникатно искуство во срцето на македонските планини.
Настанот е колаборација на WHY2K, ENIGMA, Bistro Komedija, JoJo’s Burger и Resort Mavrovo.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.