Музичарот Петар Малденовски, најпознат како Пеце од „Суперхикс“, во соработка со ВИВА Стрингс Квартет вчера ја промовираше „За сите кои ги нема“, песна за која вели е напишана во чест на Димитар Младеновски (1970-2007) и во чест на сите кои ги нема, а сè уште се тука.

Текст и музика – Петар Младеновски
Аранжман, музика – Петар Младеновски, Дејан Теодосиевски, Гога Поп Георгиевски, Дени Крстев

Микс (продукција) – Дени Крстев (Студио 1060, Скопје, февруари 2022)
Видео – Matteo Shrempf/Матео Шремпф (Shreмpf Media)

Бас, гитара, вокали – Петар Младеновски
ВИВА СТРИНГС :
Дејан Теодосиевски – чело
Дубравка Зајкова – виола
Елена Талевска – Виолина
Димитар Михајловски – виолина
Гитара – Гога Поп Георгиевски

на гости во видеото – Васко Атанасовски

Академскиот сликар Димитар Младеновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професорот Родољуб Анастасов. Изложувал свои дела на десетици самостојни и групни изложби и учествувал на повеќе ликовни колонии. Оставил зад себе стотици дела и работел во повеќе техники, како масло на платно, портрети, графики и дела од рачно изработена хартија. Беше член на ДЛУМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.