Том Паркер (33), член на групата The Wanted почина вчера откако пред две години му беше дијагностициран тумор на мозокот во терминална фаза, глиобластом.
Веста за неговата смрт ја потврди сопругата Келси, а музичарот првите симптоми ги имал кога доживеал напад на семеен одмор.
-Нашите срца се скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме да го замислиме животот без неговото заразно смеење и енергична присутност, напиша сопругата.
Во објавената порака на Инстаграм, од групата напишале дека „се скршени поради трагичната и прерана смрт“ на Том Паркер.
-Том беше прекрасен сопруг на Келси и татко. Беше наш брат. Со зборови не можеме да ја опишеме болката која ја чувствуваме. Засекогаш во нашите срца, напишаа од бендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.