Младата пејачка Марија Спасовска на својот профил на ТикТок сподели интересно видео во кое покрај неа, „главен“ актер е нејзиното помало братче Андреј. Имено, малиот Андреј ја предизвика неговата сестра да му запее песна од зборче кој тој ќе го каже.
Првиот предизвик беше зборот „соба“. Марија се помисли неколку секунди, па му ја запеа една од најубвите песни на Тоше Проески, „Соба за тага“. Потоа следеше зборот „вода“, па „Mесечина“ и на крајот зборот „лето“.
Како се снајде Марија на предизвиците од малиот Андреј, ќе погледнете во видеото подолу.
Инаку младата пејачка веќе се подготвува за нејзиниот настап на фестивалот „Макфест 2022“ кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри овој месец.
Погледнете го видеото кое таа го сподели на ТикТок:
@marijaspasovska_#biggestlove♬ original sound – Marija Spasovska
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.