На официјалниот евровизиски твитер-профил на РТС како честитка за Велигденските празници се објавени фотографии од Ана Ѓуриќ Констракта, претставничката на Србија на овогодинешната „Евровизија“ во Торино.

Но, празничната порака и оригиналниот изглед на српската пејачка паднаа во втор план поради политика, зошто многумина ги протолкуваа како провокација, па дури и бараат казна за Србија.

За многумина проблем се масите на кои седат велигденските јајца и легенот за миење на раце, зошто личеле на латинската буква „З“ (Z), симбол кој стана забранет во многу европски земји бидејќи со него се означени руските воени возила во Украина.

Многу корисници на социјалните мрежи го сфатија ова како провокација, иако самата Констракта никогаш не се занимавала со политика, ниту пак давала некакви изјави на таа тема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.