И тоа како има потреба македонската музичка сцена од нови имиња кои ќе понудат нешто ново и поразлично на слушателите.
Една од нив е младата пејачка Сања Тодоровиќ, која има намера сериозно да се посвети на создавањето на своја авторска музика.
По тој повод Сања пред само неколку дена ја промовираше својата прва песна со наслов „Казна и Карма“.
Станува збор за композиција на која токму таа го напиша текстот, додека музиката и аранжманот се дело на искусниот композитор Јован Василевски.
Ова е моја прва официјална песна на која сум прегорда, бидејќи вложив многу труд и енергија. Исто така својот максимум го даде и композиторот Јован со кого веќе подолго време соработувам и му дадов целосна доверба. Се надевам песната ќе го пронајде својот пат и ќе ги освои симпатиите на домашната јавност, вели младата Сања.
Исто така Сања пред неколку дена организираше и голема промоција, каде таа ги собра своите најблиски соработници, пријатели, колеги, пред кои го промовираше својот музички проект.
Промоцијата помина одлично, дојдоа скоро сите поканети гости. Знам дека ретко се прават промоции кај нас, но ете, јас се решив за тоа, бидејќи ова е моја прва песна и чуствував обврска на тој начин да ја претставам на публиката, изјави Тодоровиќ.
Инаку за „Казна и Карма, Сања сними и видео спот во кој покрај неа се појавува и моделот Гоце Маротов.
Спотот го изработија момците од „Урбан Рекордс“ на чело со Гордан Божиновски.
Сања продолжува со работа, таа веќе работи на новиот музички проект кој ќе излезе во блиска иднина, а до тогаш неа ќе може да ја видите и слушнете на нејзините живи настапи во главниот град и ширум нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.