Мијата го објави новиот сингл „Добра ноќ, добар ден“.

Оваа песна, која е од новиот албум, насловен „Вида“, беше изведена премиерно на концертот во Куршумли – ан во рамките на прoграмата на Скопско лето.

Официјалниот видеозапис ја визуализира атмосферата од концертот, кој се одржа на 28 јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот.

Освен тоа, денеска, вторник, 18 јули, со почеток од 19 часот, Мијата ќе ја отвори сезоната на музичкото вечерно матине што традиционално се одржува во Скопје сити мол.

На сцената поставена на платото кај детскиот парк и ДНК-кулата, таа ќе се претстави со авторски и кавер репертоар, а ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас-гитара.

Инаку, музиката на песната „Добра ноќ, добар ден“ е на Мијата и Елизабет Пол, а текстот е на Мијата.

Аранжман, клавијатури и микс: Ангел Ќосев

Студио: Подрумот

Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски.

Мастеринг: Дамир Пух, Гринрум саунд студио

Режија и монтажа: Љупчо Трајковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.