Мартија Станојковиќ на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари.
Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.
Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната, вели младата пејачка.
Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за видеоспотот, кој го работеше со истиот тим задолжен за спотот на „Анатомија“ снимен во Дубаи – режисерот Ризи Рејн (Reezy Rane).
Песната уште во првите два часа од објавата влезе во трендинг на музичката платформа „Јутјуб“, а во моментов се наоаѓа на 14 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.