Лара Иванова има нова песна, на која и самата е автор. Заедно со Лазар Цветковски ја направија „Ме сакаш кога ме нема“, за чиј видеоспот се погрижи Томислав Живкович. Главната машка улога во спотот ја има Филип Додевски, а со улогите на Миа Ристеска, Анастасија Сиданова, Јована Лалчевска, Тина Димовска, Калина и Александар, спотот доби посебно модерна динамика.

„Ме сакаш кога ме немаш“ има певлив и заразен ритам, а зад текстот, како што открива таа, се крие силна емоција со љубовен мотив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.