Македонската поп пејачка Каролина Гочева вечерва ја претстави својата нова песна „Дај на сунце“, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Денеска во 19 часот, на својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за новата песна.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно“ од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор, информираат од Авалон продукција.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.