На 10 ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови.
Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание.
Концертот е во организција на продукција „Сцена”.
Билетите се во ограничен број и ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk.
„Нокаут“ и Брејк акустично на 10 ноември, во 20:00 часот, во Македонска филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.