Квартетот Никола Бочваров, покрај Бочваров кој е лидер на бендот, го сочинуваат Стефан Алексовски на клавијатури, Иван Петровски на гитара и Александар Ванчовски на тапани.

Бочваров е дипломиран контрабасист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Franz Schubert Konservatorium” во Виена. Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбараните и најмаркантни басисти кај нас.
Новиот албум на Бочваров “Гласна Тишина“ е едно од поголемите негови уметнички достигнување. Тој претставува најдобар опис за неговата креативност , стручност, компетентност, и сведоштво за неговото долгогодишно искуство.
Проследете го настапот на Никола Бочваров Квартет на овогодинешниот Today It’s All About Jazz Vol.7.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.