Здравствената состојба на Јосипа Лисац ненадејно се влоши, откажан е и големиот концерт во Загреб.

Имено, легендарната пејачка Јосипа Лисац мораше да го откаже концертот што требаше да се одржи на денес во загрепската сала Лисински, а причината е нејзината здравствена состојба.

Според официјалната Фејсбук страница на хрватската дива, неколку недели пред првиот концерт, пред неколку вечери, претрпела големи болки предизвикани од ишијас. Неколку пати таа вечер стигна до салата со помош на бастун.

Оттогаш ситуацијата се влоши, а неуништливата Јосипа, која на Денот на вљубените го прослави својот 73-ти роденден, не може на своите фанови да им го подари настапот што го заслужуваат.

Наскоро ќе биде објавен нов датум. Ако се биде во ред, Јосипа ќе ја гледаме и слушаме во Нови Сад на 12-ти март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.